Како што соопштија од Демократски сојуз, со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и да се создадат услови за системски промени во државата.
Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се ‘за‘ Македонија да биде една изборна единица (останува и можноста тројца пратеници да бидатод нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл. По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот законик“, пишува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.