Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на последните случувања на политичката сцена вели дека македонската јавност е сведок на еден театар кој што се случува неколку дена.
Додава дека државата започна да наликува на едно реално шоу во кој главен актер е Претседателот на Владата на Република Македонија.
Невешто обидувајќи се да глуми комедијант, а на моменти да глуми некоја друга ролја во таа театарска претстава или тоа реално шоу. Така што навистина апелирам до Владата на Република Македонија, до Претседателот на Владата конечно да се вразуми, да сфати дека е Претседател на Владата на Република Македонија и илјадници животи зависат практично од неговото однесување затоа што сето ова што го прави не само што не ја води Македонија во добра насока туку напротив ја води во комплетно во погрешна насока. И ќе остави последици кои што мислам и стравувам и загрижен сум дека многу тешко генерации идните политичари ќе можат да ги санираат, потенцираше Мицкоски од Гостивар.
Comments are closed for this post.