Југословените се уште ги има во пописните одговори на жителите на Македонија.
Според резултатите на пописот. 227 мажи и двојно помалку жени се изјасниле национално како Југословени, три децении по распадот на заедничката држава. Вкупниот број на Југословени изнесува 344 односно 0,1% од вкупниот број на попишаното население.
На пописот се попишани и 66 Евреи, 36 мажи и 30 жени.
Етнички Бугари се најбројни после 7-те уставно наведените етнички заедници, нив ги има 3.504, но повеќе има граѓани кои се изјасниле како Торбеши – 4.174. Над илјада изјаснети на пописот се и Египјани -2.406, Хрвати -2.145, Црногорци кои се 1.023-ца.
Како Муслимани се изјасниле 1.187 граѓани. Горанци пак се 148 жители на Македонија.
На пописот си изјасниле и 243-ца Словенци. Како Руси се изјасниле 303-ца граѓани, а има речиси двојно помалку Украинци односно 166. 294-ца се изјасниле како Грци.
Како Германци се изјасниле 134-ца, а 110 се Англичани. Има 52-ца американци, 126 Романци и 103 Полјаци.
Како Французи се изјасниле 22-ца, и се малку повеќе од 20-те Филипинци во државата. Има и 73-ца Унгарци додека 9 жители на Македонија се изјасниле како Кинези по етничка припадност.
Comments are closed for this post.