Имаме премиер кој бега од дебата, а бега затоа што црн е животот на докторите. Им ветуваа на докторите плата од 1500 евра, и нема ништо од тоа. Црн живот и за матичните лекари. Капитацијата што им ја ветуваа им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод.
Црн е животот на младите. Ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование, наброја вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Македонска Каменица.
Ништо од тоа нема. Нема Стопанска комора, нема бизнисмен кој се фали. Црно до црно. Повратот на ДДВ касни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис.Домашното стопанство е во криза. Црни денови се и за пензионерите. Нема покачување на пензиите, напротив се по некое намалување или кратење ќе се случи, вели Мицкоски.
Според него, државата доживува колапс и фијаско од Зоран Заев, потенцирајќи дека во моментот Република Македонија ја води премиер кој што не знае ни што зборува, ниту пак што прави, односно како што рече тој Зоран Заев не може самиот себе да се организира а камоли да ги организира и води институциите.
Имаме реални проблеми во државата, затоа што имаме влада која практично не знае да управува со државата. Влада која што не знае себеси да се организира, а камоли пак да ги организира институциите во државата. Вие гледате премиер кој што на дневна основа излегува со изјави а потоа неговиот Центар за пропаганда и лаги преку министерот за пропаганда и лаги, два три пати го дообјаснува, не сакаше премиерот тоа да го каже, сакаше ова да го каже. Практично ние имаме еден тотален хаос кој што ни се случува во државата и тоа го кажав многу наврати во минатото и сега сакам да го повторам, практично ние ја губиме во моментот државата.
Comments are closed for this post.