Двете последни изјави на премиерот Мицкоски за Македонците во Бугарија го кренаа источниот сосед на нозе што најавува декларација во нивниот парламент.

Ова се двете изјави на Мицкоски кои не беа баш пријатни за официјална Софија.

„Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа влада“, изјави премиерот Мицкоски.

Другата изјава се однесува на Резолуција на ЕП која треба да се донесе во среда за признавање на македонски јазик и идентитет.

Извештајот кој во среда ќе се најде пред европските пратеници каде ќе се зборува за посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кои се поврзани со нацијата, а не територијата на државата, и тоа е многу важно затоа што Македонци има насекаде во светот. Ќе видиме како ќе се однесуваат пратениците кои доаѓаат од Бугарија.  Од тоа што го имаме како информација и поднесените амандмани не сум оптимист за нивното проевропско однесување, туку прилега повеќе на приликите од Средниот век.   Во овој извештај стои дека имаме посебен  македонски идентитет различен од нивниот, не после 1945 туку векови претходно и македонски јазик, и ако не е тоа проблем, еве европските пратеници имаат прилика и таму се гласа со мнозинство, не едногласно и затоа барам од опозицијата кои се дел од одредени политички семејства кои имаат европратеници да лобираат во насока да се прифати, потенцираше премиерот Мицкоски.