Најмногу дожд денеска во Скопје наврна во населбите Пинтија и Драчево. Обилните врнежи направија и штета.

Се урна потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите кај Пинтија. Земјата е падната на коловозот па се очекува надлежните општински служби во најскоро време да го расчистат теренот.