Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ.  Заев и Димитров преку  прикривање на вистината треба да остварат задачата заради која и се донесени на власт, а тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Ова во интервју за „Република“ го тврди професорот Јован Донев кој е и поранешен дипломат. Според него, власта ќе игра на истата карта како со Грција, а тоа е постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања а  сето тоа ќе го преставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

Деновиве се појави документ од заклучоците на Советот на Европската Унија за Македонија. Во нив Бугарија бара Македонија да се откаже од грижата на македонското малцинство во Бугарија како и откажување од користење на терминот македонски јазик. Зошто власта го криеше овој документ?

-Доволно е да се види последната изјава на г. Заев дадена за загребачки ,,Вечерњи лист“ за да ви стане се јасно. Тој за овој весник по кој знае кој пат ја повтори лагата дека преку договорите со Бугарија и Грција зацементирани се македонскиот јазик и македонската нација. Нешто што воопшто не е точно! Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. За Република Бугарија и за нејзината официјална историографија населението од просторот на Република Македонија, како и деловите кои живеат во Пиринска Македонија, Албанија и Грција се дел од бугарскиот народ. И ова не е нешто што не им е познато и на Заев и на Димитров. Меѓутоа тие треба преку лажење на Македонците, преку прикривање на вистината, да ја остварат задачата заради која и се донесени на власт. А тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Излегуваат ли полека на виделина штетните одредби од договорот за пријателство и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија?Која е крајната цел на Бугарија. Дали можеби тоа е создавање на нова .тн северномакедонска нација и јазик?

-За јавноста да. Таа допрва ќе ги согледа глупостите кои ги направи владата на Заев со потпишување на овој договор. За познавачите на односите помеѓу Македонија и Бугарија, како и за познавачите на внатрешните состојби во Бугарија, последните изјави на бугарскиот врв не донесоа изненадување. Тоа се очекуваше. Бугарската позиција е сосема јасна. За неа примарен интерес е е прифаќање на нејзината истина, а таа е дека се што живее или живеело на просторитите на Македонија се или биле Бугари. Што од тука натаму ќе се случува во Република Македонија, нејзе не ја интерссира, исто како што не ја интересира ниту Грција. При ова, треба јасно да се има во предвид фактот дека ниту може да се формира нова сецерномакедонска нација, ниту може да се кодифицира нов северномакедонски јазик. Резултат на целосното прифаќање на бугарските услови ќе биде постоење на држава во која ќе живеат делови на два народа албанскиот и бугарскиот.

Зошто власта се обидува да го релативизира ова барање на Бугарија со тоа дека тоа било изолиран став на една членка а не официјален став на Унијата? За потсетување, сегашната власт кога беше во опозиција тврдеше дека блокадата од Грција поради спорот за името е став на целата ЕУ а не само на една земја.

Зоран Заев и Борко Борисов

-Тоа е пропаганден трик. Власта воопшто не ги релативизира бугарските барања. Да беше така таа немаше да потпише ваков договор. Напротив, власта ќе игра на истата карта како со Грција. Постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања. И сето тоа ќе го преставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет. Едноставно, при проценките на позициите на владеачката гарнитура на СДСМ и нејзините потези, секогаш треба да се има во предвид една работа. И г. Заев и г. Димитров при преземањето на власта имаа една и единствена цел. Деноминирање на македонската нација. И толку. Па самиот г. Димитров јасно и гласно кажа дека целосната имплементација на договорот со Бугарија е последната фаза во решавањето на македонското прашање.

Дали можеби притисокот на Бугарија е една од причините зошто уште не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија?

-Една од причините да. Министерката за надворешни работи на Бугарија, госпоѓата Захариева, уште во октомври минатата година јансо ги стави на знаење бугарските позиции. . Да Бугарија подржува носење на одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, но Бугарија ќе се согласи со одредување на датумот за почеток на преговорите под три услова. 1. Јавно откажување на Македонија од постоењето на македонско малцинство во Бугарија. 2. Информирање на сите членки на ООН дека службен јазик е јазикот на државата, а не македонскиот јазик и 3. Изјава на Република Албанија дека на нејзина територија не живее македонско малцинство.