Амбасадорите на 29. земји-членки на НАТО денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во алијансата.
На церемонијата во Брисел македонската страна беше претставена од Никола Димитров, министерот за надворешни работи кој утринава директно допатува од Вашингтон.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече ова е историски момент за земјата и подвлече дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа голема храброст со постигнувањето на Договорот од Преспа, со што придонесоа и за стабилноста и безбедноста на регионот”.
Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време Ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки, изјави Столтенберг.
По потпишувањето на Проколот макеоднски претставник ќе биде на масата на НАТО, тој нема право да учествува во носењето на одлуките се додека документот не се ратификува од сите членки.
Прва во редот е Грција, која се очекува тоа да го стори в петок.
Сите во НАТО очекуваат тој процес да се одвива без пречки, иако никогаш не се знае дали некоја од членките ќе изнесе резерви за некое прашање, по што процесот би се закочил.
Столтнеберг рече дека е многу важно што Македонија влегува во НАТО, особено за безбедноста на регионот и подвлече дека во иднина „Северна Македонија ќе носи одлуки заедно со нас“.
Генералниот секретар порача дека во НАТО очекуваат земјата да ги продолжи реформите потребни и за членството во ЕУ, и притоа истакна дека македонската армија положила повеќе тестови и оти е охрабрувачки што ќе се одвојуваат повеќе средства за одбраната и што земјата е во процес на модернизирање на своите одбранбеи сили.
Столтнеберг денес на церемонијата објави дека одбележувањето на 70-годишнината од НАТО ќе се одржи во декември 2019 во Лондон, градот каде беше првото седиште на Алијансата.
Comments are closed for this post.