За само неколку години дeсетина членови на СДСМ меѓу кои има и поранешни премиери, министри, пратеници и градоначалници мораа да ја напуштат партијата или беа избкани поради несогласувањето со Зоран Заев.
„Пресинг ТВ“ направи преглед кој се му застана, или се обиде да му застане на патот на Заев и беше експресно политички елиминиран.
Најсвеж е примерот на актуелниот градоначалик на Куманово Максим Димитриевски. Тој беше исклучен од партијата веднаш откако објави независна кандидатура за градоначалник откако СДСМ до последен момент тактизираше и не го номинираше за прв човек на градот.
Димириевски исклучувањето го оцени како шверцерски потег, партијата ја нарече киднапирана а од СДСМ одговорија дека статутот на партија е јасен.
Димитриевски беше еден од најблиските соработници на Заев и дури „крвареше“ со него на настаните од „27 април“.
Но првите несогласување со него се случија за време на корона кризата кога Димитриевски објави дека е позитивен oд корона. Здравстените власти го обввинија дека ја прекршил самоизолацијата и заминал во Скопје да се тестира приватно и оти мора да плати казна.
Во партиските кругови се говори дека Димитривски не е кандидиран за нов мандат поради Оливер Спасовски кој инсистрал Оливер Илиевски за биде избор на партијата со кого се во родниниски врски.
Во 2015 година и Солза Грчева беше исклучена од СДСМ откако реши да не ја почитува партиската одлука за бојкот на работата на Собранието.Таа најпрво делуваше како самостоен пратеник за потоа да ја формира партијата „Глас за Македонија“.
На еден од партиските собири на лидерот на партија Зоран Заев му беше симболично и дадена метла за да расчисти со непослушните и оние што не работат доволно.
Но, да бидеме искрени не е само Заев тој што се пресметуваше со оние кои ќе му застане на патот. Тоа го правеше и Бранко Црвенковски. Први беа Владо Бучковски и Димитар Бузлески 2012 година.
Црвенковски тогаш објасни дека Бучковски и нанел штета на партијата а Бузлески и Цветковски поради самостојни кандидатури на тогашните локални избори.
Многу години подоцна Бучкоски на голема врата се врати кај Заев и го постави за преговарач во спорот со Бугарија.
По нив истата судбина го снајде и и Стевче Јакимовски .Тој на локалните избори не го испочитува договорот на неговата тогашна партија за бојкот на изборите и буквално во 5 минути до полноќ ја поднесе неговата кандидатура за градоначалник на Карпош со потпис и печат од Српската напредна страна на Македонија на Драгиша Милетиќ.СДСМ го нарече кукавички и предавнички неговиот чин и го исклучи од партијата.
Кој ќе биде следен за бриешење со метлата на Заев ќе видиме по овие локални избори.
Comments are closed for this post.