Документот од исказот на Јордан Камчев за случајот „Рекет“ не протекол од Основниот суд Скопје 1, кој не е надлежен да спроведе истрага за тоа, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во Судот.

Документот, како што велат оттаму, протекол во јавноста само ден откако од Кривичен беше препратен во Апелација.

Од Кривичниот суд посочуваат дека во врска со тоа се извршени разговори со повеќе лица и оти е зголемена безбедноста на пренесување на документи до Апелацискиот суд. Документите, како што додаваат, се конвертираат и се лепат со селотејп.