Агендијата за нациолнала безбедност во време на владеењето на поранешната власт целосно се ставила во служба на СДСМ и ДУИ. Наместо да ја штити државата таа непријатели гледала во тогашната опозиција. Ова го покажуваат трите известувања од АНБ до Јавното обвинителство спроведени по внатрешна истрага во Агенција која открила оформување предмети за оперативни обработки насочени кон опозицијата, лидер на опозициска партија, како и група новинари и медиуми во периодот од 2019 до 2024 година.

АНБ тогаш сметала дека крајната цел на лицата кои ги гледела била уривање на власт. Но, не биле само политичари и новинари следени. Цел на друга обработка биле јавен обвинител и министер во тогашната влада.
Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат. Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите.
Известувањата до Обвинителството, велат од АНБ, биле испратени пред околу еден месец.
Актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски.
Comments are closed for this post.