За разлика од сите досегашни избори, ова нема да бидат избори ВМРО против СДСМ, бидејќи таму и нема натпревар. Партијата на Заев и Филипче на овие избори нема на што да се надева ако се знае во каков распад систем се. Ако освојат двајца градоначалници на коњ се, или во нивен речник на Дубаи се. Тие на овие избори нема да бројат колку градоначалнии освоиле бидејќи нема ништо да освојат, туку колку ВМРО-ДПМНЕ изгубиле гласови. Тоа е таа лузерска методологија и пропаганда, анализира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Овие избори се избори против ДУИ и расчисување на онаа екипа од Мала Речица која да не е национализмот, УЧК, албанско знаме, летање орли, химна, рамковни вработувања нема за што да зборува. Сте ги слушнале некогаш од ДУИ да зборуваат за економска програма, за проекти, нови вработувања, автопати…… неее. Нив тоа не ги интересира, ама за закани и радикализам први се. Не се излезени од филмот од 2001 година,само што сега носат скапи одела. На таа пара….
20 години се на власт, те со ВМРО те со СДСМ. Море и мајски договор се потпиша, демек партијата од Македонците што ќе освои најмногу гласови или мандати секогаш да биде во коалиција со партијата на Албанците која ќе освои најмногу гласови, божем сме некаква федерација, или сме поделени по кантони. И кога и таков договор го прекршија и наместо со ВМРО коалицираа со СДСМ сега плачат дека морале да бидат на власт инаку ќе ја правеле големата. Тие филмови завршија и веќе никој не ви се плаши, а и Албанците веќе не се никаков фактор на Балканот. Ако не ви е јасно ене видете што му прават на Албин Курти. Пет месеци не може да направи влада а и нема да направи.. Затоа на Али Ахмети му е најарно да престане да се заканува и да ги навредува Македонците. Демек ако не сме ги ставеле Бугарите во Устав а со тоа и да мрднеме кон ЕУ едни ќе отишле кон Албанија а други во Бугарија. Бугарите едвај чекаа ова да го слушнат.
Вака Али, не се пали, да не решат оние од горе од Кале да те приберат во Хаг каде веќе се твоите другари од Косово Хашим Тачи и Рамуш Харадинај со кои правевте војна во Македонија и на Косово.. Никој нема никаде да отиде ,ни во Албанија бидејќи ни таму не ве сакаат , уште помалку во Бугарија.
Македонците овде се свои на своето. Ама еве ти можеш да излезеш од Зајас и да тргнеш да ги побараш оној Прпарим од Лотарија и Артан Груби кои се разбегаа откако се поднесоа кривични пријави за нив. Сигурно знаеш кај е Груби, нели сте кумови, а кум није дугме нели АцаАнтиќ како што гласело твоето кодно име во поранешна Југославија во оние разузнавачки кругови. Е тој Аца многу сака да зборува за српски свет.
Да не биде покус се јави и неговииот коалициски партнер Венко Филипче. По долго чекање се појави и Резолуцијата на Венко за т.н црвени линии во преговорите. И СДСМ демек имале црвени линии, па на Бихаќка се повеќе по бели линии.
Прво треба да си политички аматер им ептен да си го имаш дадено дуќанот под кирија, оној де во Петрич што заборави да го пријави, пред локални избори да зборуваш за тема која е чуствителна за Македонците., Дури и во Бугарија на документот реагираа млако и народски кажано не се попалија бидејќи знааат дека нема шанси ова да помине Се сменија времињата, веќе на власт не се ликови како Заев и Бујар кои ви потпишуваа се што ќе ви дадат. Толку е очајна резолуцијата на Венко што мораше и Бучковски да го вадат да дава изјава и да го брани. Е дотаму е дојдена работата.
Резолуцијата на Венко е повеќе „червена“ отоколу црвена и како да е пишувана на бугарски чет-џи-пи-ти, нели тоа сега е модерно. Венко сигурно им наредил на тие околу него да состават некој документ од две-три страни и им рекол видете да има Уставни измени, ЕУ, Добрососедство… Ама и вештачката интелегенција знае да погреши па така за Венко и екипата Северна Македонија во 2005 година за прв пат добила кандидатски статус за ЕУ а прв позитивен извештај во 2009 година. Како се викаше тогаш државата бе докторе. Северна? Или пак Македонскиот јазик според Венко прв пат бил признат во Обединетите нации во 2019 година. Докторе не се брукај, ќе ти се смеат. Македонскиот јазик беше официјален уште за време на членството на Југославија во Обединетите нациии а потврден на Конференција на ОН во 1974 година и тоа во Атина.
Венко кој ти ја составувал резолуцијата да ги ги врати парите.
Comments are closed for this post.