Доколку денес се одржат парламентарни избори, најголем дел од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од теренското истражување на јавното мислење спорведено од ИПСОС од 17.09.2021 до 06.10.2021, за потребите на ВМРО ДПМНЕ.

На прашањето: Доколку се одржат предвремени парламентарни избори на кои би се кандидирале само партии, а не коалиции, за кого би гласале, 22% проценти од граѓаните поддршката ја дале за ВМРо-ДПМНЕ. На второто место со дури шест проценти заостанување е СДСМ, по ште следува ДУИ со седум проценти.

По овие три партии следуваат Левица со шест отсто и Алијанса за Албанците со пет отсто, како единствени останати партии што имаат повеќе од еден процент од поддршката.

Неодлучни биле 14 отсто, додека 16 отсто од испитаниците одбиле да одговорат на прашањето.

Теренска анкета е спроведена на репрезентативен примерок од 1002 испитаници.

Резултати од анкетата:

1. ВМРО-ДПМНЕ 22%

2. СДСМ 16%

3. ДУИ 7%

4. Левица 6%

5. Алијанса на Албанците 5%

6. Беса на Касами 1%

7. ДПА 1%

8. Алтернатива 1%

9. Друго 1%

10. Неодлучни 14%

11. Одбивам да осговорам 16%

12. Не би сакал/а да гласам 10%