Точно на пладне денеска ќе се состанат работните групи на власта и на опозицијата за да најдат компромис за законите за Јавнотот обвинителство. Според сознанијата на Пресинг ТВ, денешниот состанок може да биде и последен, по што најверојатно ќе следи пауза и ќе се даде време за нови внатрешнопартиски консултации и градење позиции, особено за законот за Специјалното јавно обвнителство задолжено за случаи поврзани со таканаречените бомби.
По оваа сериоја преговори, кои ако не доведат до заедничко решение за законите,м се очекуива прашањето да го разгледуваат на лидерска средба премиерто Зоран Заев и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Работните групи и денес ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска, и адвокатот Тони Менкиноски, кој преговара во име на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во тимот на опозцијата денес повторно треба да биде вклучен пратеникот Антонио Милошоски, што значи дека денешните преговори ќе имаат и политичка тежина. Ова, како што дознава Пресинг ТВ неофицијално, е од причини што власта до сега била глува за правните аргументи со кои настапи во преговорите и на тој процес му додала непотребно политичка боја и тежина.
Во преговорите за трите закони поврзани со Јавното обвинителство клучни се неколку точки – идниот статус на СЈО, а со тоа и на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, членот 105 поврзан со доказните материјали (снимките од бомбите) и кој и како ќе ги избира идниот јавен обвинител и специјалниот обвинител.
Во моментов ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да го прифати предлогот на Дескоска тоа да биде на предлог на опозицијата, но тоа да важи од 2021 година. Исто така, најголемата опозициска партија не сака да биде само декор во носењето на клучните реформски закони во судскиот систем, туку сака да биде рамноправен носител во донесувањето на одлуките.
Сакаме квалитетни закони, сакаме СЈО кое ќе работи во законски рамки, а не да биде инструмент на власта – изјави за Пресинг ТВ познавач на процвесот на преговорите кој сакаше да остане анонимен.
Други извори велат дека во еден момент се предложило законите за ЈО да бидат испратени на оценување во Венецијанската комисија, но тоа не било прифатено од министерката Дескоска.
Comments are closed for this post.