Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците од денес
функционира во нови простории, односно во нов објект.

Инаугурацијата на објектот денеска ја направија заедно премиерот, г. Зоран Заев, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, претседателот на Собранието г. Талат Џафери, првиот вицепремиер г. Артан Груби и вицепремиерот Лупчо Николовски.

Претседателот на Владата  Зоран Заев во оваа прилика рече дека владата донела одлука за купување на објектот за Министерството за политички систем на 30 декември 2020 година и дека оваа одлука е донесена со цел да се обезбедат максимални услови за
работа на ова министерство.