До 15 часот од вкупниот број запишани избирачи излегле 30,34 отсто на гласање. Ова се последните бројки кои пред малку ги соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

До 15 часот општина со највисока излезност на претседателските избори е  Македонски Брод 49,45 отсто, а најниска е излезноста во  Желино 9.03 отсто и Боговиње 10,43 отсто.

Ова е поголема излезност од првиот круг. Тогаш до 15:00 часот на гласање излегле 28,69 %.