Денеска во ДКСК поднесуваме комплетна документација, објавена во медиумите, а од која се гледа дека Венко Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија со кинески „Синофарм“ за набавка на 200.000 вакцини, по цена од 62,5 долари од вакцина, објави на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
И денеска имаме набавено 0 вакцини. Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат да ги разочаруваат граѓаните.
Еве ги документите со потпис на Венко Филипче, со извор Централен регистар на Хонг Конг.
Прашањето и денеска е дали се работи за муртинската „30 за Синофарм, 30 за Вицето“. Греота е кога доктор како тебе кој наместо да спасува животи, утре ќе треба да одговара, но никој не те присилуваше да бидеш извршител на Зоран Заев, рече Лефков.
Тој сподели неколку документи, од кои, како што потенцираше, се гледа дека Филипче ја овластил фирмата, а ова е неговиот потпис.
Ова се документите од кои се гледа дека истата на сметка во Дојче банк има гаранција од 12.5 милиони евра. А ова се и документите од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека фирмата е формирана само три месеци по формирањето на владата на Зоран Заев.
Тој ја повикува ДКСК веднаш да отвори случај и да го испита работењето на Филипче, а за таа цел, додаде, од партијата сега ќе поднесат претставка.
Се работи за здравјето на луѓето, граѓаните мислат дека Владата работи и мисли на нив, а нивната влада всушност мисли само на провизии.
Загрозено е здравјето на илјадници, а директно на душата Заев и Филипче носат стотици наши сограѓани, кои умреа како последица од КОВИД 19 во изминатиот период, во кој можеше да се набави вакцина, а тоа не се направи.
Со секој поминат ден без вакцина, десетици и стотици луѓе одат на совеста на Заев и Филипче. Одговорност мора да има!, порача Лефков.
Comments are closed for this post.