Во Полициската станица Струга на 2-ри месецов било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил 49-годишен стружанец и како последица на тоа починал.

Според пријавеното, додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање. Се преземаат мерки за рачистување на случајот – соопштија од МВР.

Жител на ова место тврди дека работникот загинал за време на работа на објект на место кој е дивоградба.

Во допис до нашата редакција Стружанецот кој сака да остане анонимен вели дека според кажувањето на работниците, во последно време таму има многу диво градење од страна на граѓани со албанско етничко потекло, со дозвола на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Новиот сопственик на куќата на Ашим, со месеци правеше базен. Бетон се налеваше од цистерна паркирана пред куќите на Костојчиновски и Гигови, преку нивните кровови. Тоа утро повторно налеваа бетон, возилото не беше стабилизирано, па едното тркало пропадна во септичката јама, пред гаражата на Гигови. Цистерната се навали и цевката згмечи еден од работниците кај базенот. Дури откако се случи тоа, го стабилизираа возилото, ама беше доцна. Човекот почина, за жал – раскажува мештанинот и додава дека во изминатиов период е направена и голема материјална штета и очекува  сопственикот на куќата да ја санира.

Без дозвола за градба било започнато ископ на земјиште?!

Истиот извор известува и за случај за легазизиран објект од страна на сограѓанка со албанско потекло. Овој објект бил трафика од 26 метри квадратни, кој во Југославија бил продавница.

Со некакво барање за легализација на овој објект кој претставува времен објект извршена е легализација на имот на државата во корист на физичко лица кое никогаш го немало објектот ниту во владение, ниту пак да го прашаш знае каде се наога. По извршената легализација, без довола за градба отпочнато беше со ископ на земјиште кое е во сопственост на РМ, а се наоѓа веднаш до легализираниот објект – вели нашиот извор.

Тој додава дека за ова било поденсена кривична пријава до МВР Струга, која потоа била проследена до ОЈО Струга, а до сега не е позната судбината на истата.

Инспектор поднел пријава до ОЈО Струга за бесправно градење

Во текот на месец февруари 2018 година, лицето сопственик на недвижен имот во населба Елен Камен – Струга, во површина од 26м2 опишан, без дозвола за градење започнал активности за изградба на недвижен имот на начин што имотот кој е во негова сопственост го срушил и притоа превземал активност на чистење и ископ на теренот покрај неговиот и узурпирајќи недвижен имот кој е во споственост на Р.Македонија, се вели во кривичната пријава за основано сомнение за сторено кривичнодело „Бесправно градење“ согласно чл.244А од КЗ на РМ.

Со оглед на тоа дека се преземени градежни активности без дозвола за градење од надлежен орган како и тоа дека во текот на градежните активности одронат е патот кој ги поврзува другите куќи, а кое нешто преставува реална опасност по животот на луѓето, од причина што местото не е соодветно обезбедено, ниту е направен потпорен ѕид, па прети реална опасност од ерозија на земјиштето кое би предизвикало и рушење на куќите, бараме да преземете мерки со кои ќе се запре изградбата на недвижниот имот и лицето да биде казнето согласно законот – се вели во пријавата.

Не смеело да се вршат градежни активности

Со доставено известување од 28.03.2018 година ни посочивте дека од Ваша страна постапено е по нашата пријава и излезено е на лице место и направен е увид на 13.03.2018 година, при што сте утврдиле дека лицето А.А. од с.Радолишта извршил чистење на нискостеблеста вегетација и ископ на земјиштето на длабочина од околу 50 цм – стои во дописот испратен до Градежната инспекција на општина Струга.

По вака утврдената фактичка состојба, се наведува во дописот, сте му наредиле на горе споменатото лице да не врши никакви градежни активности во споменатата локација без соодветна документација од законот за градење.

Воедно на посочената локација на која сте извршиле увид на лице не сте утврдиле дека со направениот ископ доведен е во опасност патот над ископот, бидејќи не се обезбедени никакви заштити на теренот кој претставува клизиште – свлечиште и не сте утврдиле дека на местото постоеа дрва – елки со висина од над 20 метри кои се исечени и оставени на самиот пат и гледајќи ја положбата на терен на земјиштето извршениот ископ на земјиште е на повеќе од 4 метра во длабочина, кое нешто е видливо од фотографиите кои се доставени кон нашата пријава и истото може да се забележи и на терен и ден денес. Со оглед на ова неточни се наводите дека лицето А.А. извршило чистење на нискостеблеста вегетација и ископ на земјиште во длабочина од 50 цм и, бараме од Вас повторно да излезете на терен и да направите увид на посочената локација со кое нешто ќе ги утврдите овие наводи и ќе донесете решение со кое општината ќе го обезбеди теренот од настанување на свлечиште и оштетување на патот и околните куќи со кое решение ќе се задожни горе споменатото лице да ги сноси трошоците за ваквите дејствија – се вели во дописот испратен до градежната инспекција на општина Струга.

Мерко: Ова е шпекулација!

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко тврдењата за дивограби во Елен Камен ги овалификува како шпекулација.

Рамиз Мерко

Ова е шпекулација. Чиста шпекулација. Органите на прогонот нека дојдат нека проверат – вели во изјава за Пресинг ТВ, градоначалникот Мерко.