Директорот на заводот за статистика за Телма тврди дека во Македонија никогаш немало фантомски гласачи. Според него, се работи за луѓе кои ги немаат променето адресите но се уште егзистираат на одредени адреси но за да го задржат правото на државјанство се уште се водат на адреса во државата.

Токму т.н фантомски гласачи во 2016 година беа повод на барање на тогашната опозиција два пати да се одложат парламентарните избори.