Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Зоран Атанасов најави дека идната недела ќе поднесе оставка од функцијата. Тој е именуван на оваа функција од јуни 2017 година.
Како што соопшти денеска на прес-конференција, од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.
Имам понуда од претедателот на Владата да бидам советник од областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик, рече Атанасов.
Comments are closed for this post.