– Таа (Фон дер Лајен) ќе се сретне со лидерите и ќе разговара за билатералните односи со ЕУ и регионалните прашања, перспективата за преговори за членство на Македонија е дел од пошироката дискусија. Целта на претседателката е да ја потврди нејзината посветеност кон регионот и перспективата за преговори за членство во ЕУ со овие земји кога времето и условите ќе бидат добри и преговорите ќе бидат завршени, рече Дана Спинант, портпаролката на Европската Комисија.
Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата, по што ќе одржат средба на која ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Заев и Фон дер Лајен ќе одржат заедничка прес-конференција во кино Фросина во МКЦ, кој е реновиран со средства од ЕУ.
Подоцна, Фон дер Лајен ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на вечерата што ќе ја приреди шефот на државата во присуство на претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи претставници.
Скопје е втора станица на Фон дер Лајен на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, чија цел е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот. Од 28 до 30 септември таа ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан, почнувајќи од Албанија.
Comments are closed for this post.