Во крајот на мај, во скопската Зоолошка градина беше отворен Дино парк каде се поставени 41 фигура од диносауруси во природна големина. Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Посетителите во природна големина можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, како и поставки со мали диносауруси.
Но, по два и пол месеци, посетителите забележуваат дека на еден од диносаурусите вратот му е скрешен. Па градоначалникот Петре Шилегов, кој се поффали дека ова е само почеток на тоа што недостигаше долги години во градот, а тоа е забава за нашите најмлади, нека нѐ потсети – колку пари чинеше Дино паркот?
Comments are closed for this post.