На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во текот на вчерашниот ден македонските медиуми ја пренесоа веста каков ќе биде извештајот односно каков е извештајот на Венецијанската комисија во врска со законот за јазици. Според ова Димовски предложи да се имплементираат одредбите и препораките од Венецијанската Комисија.
Јас ќе потсетам дека премиерот и претседателот на ДУИ ако не се лажам и мнозинството на пратеници во дискусиите велеа дека тоа што ќе го прати Венецијанската Комисија ќе биде внесено во Законот. Јас така паметам ако грешам имате милион начини како да ме демантирате, нагласи Димовски. Димовски додаде дека Венецијанската Комисија вели „Комисијата го повикува законодавецот да го преиспита законот за јазици, да се откаже од одредбите на законот во врска со двојазичност во судовите. Да се ревидира член 3 од Законот употреба на јазикот ќе оди во внатрешни и меѓуинституционална комуникација.
Comments are closed for this post.