И Унгарија ја потврди одлуката на Шведскиот врховен суд дека упадот во Собранието на 27 април не е тероризам, а осомничените за овој случај, всушност се жртви на политички прогон.
Земјата нема да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски ниту за настаните од 27 април, потврдуваат од Министерството за правда.

Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегало, велат од Правда.