За ВМРО-ДПМНЕ успешен попис ќе биде само попис кој што е целосно усогласен со стандардите на Европската Унија и со стандардите на Еуростат. Попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската Унија. Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кој што ќе бидат од полза за планирањето на идниот развој на државата.
За жал граѓаните, а и ние повторно имаме чувство дека пописот се користи за политички цели и е предмет на политички калкулации помеѓу партнерите во владеачкото мнозинство. Како пример, видовме дека тоа не е добро и не сакаме да дозволиме да биде предмет на политички калкулации истакна денеска пратеникот Илија Димовски.
Според него, постои сериозна регулатива, огромен број на документи од Европската Унија и Еуростат и она што треба Република Македонија да направи е да ги вгради во законодавтството и да ги примени.
Пописот не смее и не треба да се разбере како страв или како радост на било која етничка заедница од можноста за добивање или губење на било какви граѓански права. Пописот мора да биде исклучиво статистичка операција кој што ќе помогне за понатамошниот развој на Република Македонија.
Исто така бараме да се дефинира нешто што не е дефинирано во законот, а тоа е што е резидентно население во Република Македонија и тука не нудиме наши толкувања, наши дефиниции туку бараме да се применат дефинициите на Европската Унија и Еуростат, онака како што се применуваат дефинициите во сите земји челнки на Европската Унија.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека пописот треба да се спроведе на македонски јазик и на јазикот кој што ќе побара лице кое што се попишува, заради олеснување на податоците и ставање во една база.
Comments are closed for this post.