Материјалот го добив како доверлив. Заради тоа ќе мора да се применуваат одредби за класифицирани информации. Јас немам право да одлучувам дали седницата ќе биде јавна или Извештајот за СЈО ќе се разгледува зад затворени врати. Комисијата ќе одлучи за тоа. Во текот на утрешниот ден ќе ја информирам јавноста за понатамошните чекори“, вели за Пресинг Тв, пратеникот Илија Димовски, претседател на Комисијата за избори и именувања.
Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Јанева пред малку е доставен до претседателот на Комисијата, Димовски.
Постапката за разрешување на Јанева започна откако Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека има законски основи да биде разрешена од функцијата.
Според собранискиот Деловник откако ќе зарши расправата на Комисијата , а од која се очекува предлог за разрешување на Јанева, Џафери треба да свика пленарна седница. Конечната одлука на пратениците ќе треба на крајот да ја потврди и Советот на обвинители.
Comments are closed for this post.