Во контакт сме на неколку нивоа со нашите пријатели во Софија, убедува министерот за надворешни работи Никола Димитров за тоа дали ќе реагираат на изјавите на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, за тоа што спротивно на договорот од Преспа ги користеше термините северномакедонски политичар и северномакедонски претседател.
На прашањето на Пресинг ТВ дали ќе реагира официјално како што најави премиерот Заев, министерот запраша што значи тоа официјално.
Во контакт сме со нашите пријатели од Софија каде што објаснуваме на исправна употреба на името и придавките и со мудрост и заедничко разбирање во интерес на добросодедските односи ќе најдеме начин како во целост да се почитува во целост употребата и на името и на придавките-рече министерот.
Comments are closed for this post.