Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната Комисија за надворешни работи образложуваше за европската интеграција и за недобивањето датум. Тој вели дека наследил условени препораки или пак неколку години немало препораки. Димитров е убеден дека се изгубило премногу време и во меѓувреме се смениле околностите внатре во ЕУ.
Нашата кандидатура е посебен случај и изгубивме цела една генерација-посочи министерот. Тој вели дека кај нас постојат две разлислувања за поврзувањето на решението на спорот за името и почетокот на преговорите и оти двете се погрешни. Првата е дека само со негово решение ќе има почеток на преговорите и втората дека решението на името не е пречка, рече Димитров.
Димитров објасни дека сите земји од ЕУ ни честитале за дипломатскиот триумф и за храброста за затворање на билатералните спорови со соседите.
Comments are closed for this post.