Министерот за надворешни работи Никола Димитров на синоќешната трибина во охрод ги повика граѓаните на 5 мај  преку глас за број три да го потврдат европскиот курс на државата и да си обезбедат иднина во ЕУ и НАТО.

Да излеземе и да покажеме дека цврсто сме решени да ги фатиме уздите! Мора да не биде, мора да ја биде државата, не сме ние ништо понеспособни од другите народи и ние заслужуваме да бидеме полношравен член на ЕУ и НАТО бидејќи таму навистина припаѓаме.

Зборувајќи за процесот на евроинтеграциите министерот Димитров истакна дека брзината со која се движиме кон ЕУ и НАТО гарантира дека наскоро и формално стануваме членка на НАТО, а веќе годинава ги започнуваме преговорите со ЕУ.

Порано бевме далеку како од Охрид до Скопје, сега како од тука до пристаниште. Затоа да не застануваме туку да продолжиме заедно напред, преку масовна излезеност и масовна поддршка за бројот три и Стево пендаровски, повика Димитров.