Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ членството – и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија.
Вака министерот за надворешни работи ги коментира написите кои се појавија деновиве околу објавите на Викиликс и неговите активности во минатото. Во нив се вели дека бил заштитен извор на САД.
Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, токму во финалето на процесот, индицира дека зад овие игри се сили кои се против реализацијата на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија, напиша Димитров на Фејсбук.
Comments are closed for this post.