До 9 часот изутринава, одѕивот на референдумот е 2,45 отсто, информираше Државната изборна комисија. Податоците се добиени од 71,58 гласачки места.Најголем одзив има во Демир – Хисар 4,12%,а најмал во Конче – 0,73.

Генерално гласањето се одвива без нерегуларности, оценуваат од највисокото изборно тело.

Референдум 2018

Референдум 2018 – Прес Конференција на Државната изборна комисија

Posted by Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC on Sunday, 30 September 2018

Во скоспката населба Аердором, до 9 часот гласале 2,73%, во Центар 3,92%, Битола 2,79%, во Гевгелија 3,75%, во Кичево 1,75%, во Куманово 3,10%, во Крушево 3,18%, Пехчево 5,17%, Струга 2,36%, Струмица 2,29%, во Тетово 2,21%, и во Штип гласале 3,36% од вкупниот број на избирачи.

Досега се поднесени три приговори и сите се одбиени. ДИК информираше дека во однос на приговорите било утврдено дека еден од нив немал сменето адреса, еден бил со неважечка лична карта и третиот бил од дијаспората, но неговиот приговор не бил доставен навремено.