Пописот на населението кој ќе се спроведе во април следната година ќе биде со два различни списоци. Еден список ќе биде за оние жители кои во моментот на попишување се наоѓаат во државата, а друг за лицата кои живеат во странство.

Како тоа ќе се изведе во пракса?

Во моментот кога попишувачите ќе дојдат во домаќинството да направат попис ќе бидат попишани сите членови на семејството. Ним ќе им бидат земени сите податоци, а доколку имаат деца или внуци во странство потребно е да се достават и нивните матични броеви за проверка.

Тоа значи попишувачите на лице место ќе проверуваат во сите бази на податоци, пензиско и здравствено осигурување, УЈП за да се види дали тие живеат во земјата.

Оние кои во странство помалку од една година ќе бидат впишани во списокот на постојани жители на земјава.

Доколку се утврди дека тие подолго време немаат никаква активност во земјава, ќе бидат попишани, но на посебен список, за лица кои живеат и работат во странство.

Дополнително, за сите оние кои живеат во странство ќе биде направено и електронско попишување, односно. т.н скратен попис.

Во членот 6 во предлог законот стои дека ќе се попишуваат и лица без државјанство кои во време на пописот се затекнале во земјва. Тоа значи дека ќе се попишат и странски државјани кои се повеќе од една година во земјата, имаат регулиран престој но се уште немаат државјанство.

Откако беше најавен пописот најмногу врева се крена дали ќе има графа за етничка и национална припадност. Овие прашања ќе ги има во формуларот, но лицата нема да бидат должни да ги одоворат.

Пописот кој ќе се спровее од 1 до 20 април ќе биде прв кој ќе го спроведе целосно Заводот за статистика наместо пописна комисија и ќе биде со т.н комбиниран метод.