Двајцата убиени во автомобил во кумановското село Слупчане се татко и син. Тие двајца се пронајдени мртви, застрелани со огнено оружје синоќа во 22.40 часот, соопштија од МВР.
Според полициските информации, службеници од Полицискаота станица во Матејче, во атарот на село Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.
Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од село Опае. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.