Министерката за правда Рената Десковска денеска му одговори на барањето на Зијадин Села кој како услов за поддршка на Законот за јавно обвинителство побара да се формира и специјално судство кој ќе ги работи случаите на СЈО. Според министерката, со овој предлог закон тоа не е можо.

Во делот за Законот за јавно обвинителство ова прашање не може да го отвораме.Тоа е прашање за друга дебата. Денеска бевме фокусирани само на Законот за јавно обвинителство. За други прашања кои ќе прозилезат за реформи во правосудството стоиме отворени за разговори но тоа прашање не може да се реши во овој закон. Тема за разговор денеска беше законот за Јавно обвинителство кој треба да биде донесен со двотретинско мнозинство во најкус рок.