Случајот „Рекет“ само го забрзало спојувањето на СЈО со Јавното обвинителство, рече во интервју за телевизијата Телма министерката за правда, Рената Дескоска.
Таа рече дека „Рекет“ само го забрзала тој процес. Според неа идеата била на маса во преговорите со опозицијата за новиот закон за Јавно обвинителство и таа очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата, затоа што Одделението за организиран криминал покажа дека може да се справи со случаите на висока корупција.
Всушност уште во почетната фаза на преговорите за трите закони за Обвинителството ВМРО-ДПМНЕ предлагаше СЈО да се спои во Обвинителствотото, односно да биде под капата на Одделението за организиран криминал. Ова беше и еден од амандманите на преговарачкиот тим опозицијата предводен од адвокатот Тони Менкиноски. Но, требаше да се случи токму случајот „Рекет“ за тој предлог да биде прифатлив и од СДСМ. Иако уште е неизвесно кој е точно предлогот на СДСМ кој ќе влезе во собраниска процедура.
Comments are closed for this post.