Од формирањето на СЈО имаше обиди за опструкција за нивната работа.Во врска со одлуката на Врховниот суд тој може да утврдува начелни мислења и ставови доколку имаме разлика во пракса во различни судови и различни постапувања, објаснува министерката за правда, Рената Дескоска.

Во овој случај единствен суд кој постапува по постапките на СЈО е Кривичниот суд.Значи немаме несогласување на праксата на Основниот суд со некој друг суд заради тоа што некој друг суд и не постапува.Во рамките на Кривичниот суд немаме постапување на два или три совети за да кажеме дека се воодначува судската пракса.Моето очекување е дека СЈО заедно со Јавниот обвинител ќе разговараат за начинот на продолжување за продолжување на постапките без оглед дали ќе ги продолжи СЈО или Обинителстовото за организиран криминал. Пораката моја е дека ни еден криминал не смее да остане неказнет и не смее да се бараат процедурални причини за вакво или такво постапување со цел да се избегне одговорноста-објаснува Дескоска.