Ниту најновата средба за продолжување на разговорите за статусот на Специјалното јавно обвинителство, не донесува некаков значаен напредок. Како што информира министерката за правда, Рената Дескоска, не се постигнати никакви поместувања во однос на разликите меѓу власта и опозицијата околу потенцијалниот изглед на законот.
За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија изјави Дескоска од хотелот Мериот, каде треба да се оддржи конференција за борба против корупцијата.
Главните разлики меѓу двете страни се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите, а особено членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разгоори.
Договорот за овој закон е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.
Следната средба на работните групи е закажана за в петок.
Comments are closed for this post.