Нема да се враќам во Министерството за образование. Не сум јас Никола Тодоров и да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената „метла“ од премиерот Зоран Заев.
Министерката додаде дека не знае дали ќе го напушти Министерството за правда.
Мојот пат е одење напред, а не враќање назад. Единствено место каде што можам да се вратам по политиката е Правниот факултет, а не МОН“.
Comments are closed for this post.