Министерката Дескоска по состанокот истакна дека  ВМРО-ДПМНЕ го прекршила првиот договор што го направивме, а тоа било на денешниот состанок да имаат доставени конкретни амандмани со кои би се подобрил законскиот текст ако има простор за тоа.

-Наместо тоа, добивме еден материјал во којшто наведоа меѓународни документи коишто наводно не биле имплементирани. Сите документи коишто се наведени во она што го достави ВМРО-ДПМНЕ, а кои се однесуваат на ЈО се имплементирани во овој закон, дел се имплементирани во Законот за кривична постапка, а дел се имплементирани во Кодексот на јавните обвинители. Има и еден документ којшто тие го наведуваат којшто воопшто не се однесува на ЈО, туку се однесува на јавни службеници и во него изрично стои дека тој не се однесува на какви било органи во рамките на судството, изјави Дескоска.