Претседателот на државната изборна комисија Оливер Дерковски потврди дека во првиот круг на претседателските  избори нема цензус и дека излезноста ќе се гледа за во вториот круг кога се потребни 40 отсто.

Доколку не се исполни тој цензус се распишуваат нови избори со скратени рокови. Претседателот на Собранието ќе треба веднаш да ги распише тие избори-објасни Дерковски.