Денеска од 18:30 часот, со стартна точка кај Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ повикува на голем граѓански протест против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство.
Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување. Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, МАФИЈА ТЕ ТУЖИ,МАФИЈА ТЕ СУДИ, се вели во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека затоа гледаме стотици случаи кајшто мафијата на власт удира по новинари, удира по опозицијата, удира и по народот.
Кацарска е наградена со место во Уставниот суд. СЈО ги изеде народните пари, а народот не виде правда.
Селективната Луј Витон правда не е правда, туку маша како да се заштити криминалот на екипата на Заев.
Оние судии и обвинители кои работат по директивата на Заев потоа се унапредуваат и наградуваат. Тоа народот го гледа и затоа довербата во правосудството е минорно. Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на неправдата и на мафијата на чело на Заев која владее султански со Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доаѓа време, додаваат, кога овој султанизам ќе падне и кога мафијата ќе одговара за целата неправда заедно со нивните помагачи и слепи послушници кои го газат својот народ.
Во сабота, во 18:30 часот, збирно место пред министерството за правда, улица Македонија, плоштадот, до Основното јавно обвинителсто.
Протестираме против неправди, реваншизам и политичко насилство!
Се гледаме!
Comments are closed for this post.