По пауза од неколку месеци денеска во 20 часот е најавена средба меѓу премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицкоски. Нивната последна средба се случи пред претседатеските избори.
Оттогаш се случија многу работи па затоа се отвори потреба од лидерска средба. Според најавите главна тема треба да биде Законот за јавно обвинителство за кој веќе неколку месеци се водат разговори меѓу власта и опозицијата а со тоа и идиниот статус на СЈО.
Главните разлики остануватза предметите отворени по јуни 2017 година и тоа дали тие треба да бидат преземени од Јавното обвинителство.
На средбата се очекува да биде отворено и прашањето за предвремени избори бидејќи во неколку наврати Мицкоски досега повторуваше дека без тоа нема зошто да има лидерска средба.
Comments are closed for this post.