По летната пауза продолжуваат судењата во Кривичниот суд. Денеска ќе се одржи рочиште за случајот за продажба на земјиште за комплексот „Сончев Град“, наречен Топлик.

За овој случај се одреди нов поротник што беше услов судењето да продолжи. Спорно беше и вештачењто на вештакот Илија Тунџев  кој требаше да го презентира своето вештачење откако судот не го почитуваше мислењето на Антикорупциската комисија која смета дека има конфликт на интереси Тунџев да биде вештак во овој суд бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар.