Министерството за здравство информираше дека денеска до 12 часот се вакцинирани 267 деца од предучилишна возраст.
Министерството апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина.
Потсетуваме дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје, се вели во денешното соопштение.
Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом-Скопје воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.
„Напоменуваме дека МРП вакцината е висококвалитетна, чиј производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија“, се наведува во соопштението.
Comments are closed for this post.