Скопската населба Пинтија утрово го зафати пожар кој делумно е изгаснат.Во опасност беа куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.Гори сува трева и нискостеблеста шума.

На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.