Главниот град на Македонија веќе живее во новогодишна атмосфера и славје. „Винтерленд“ е преполн со дечиња, а денеска во 13 часот доаѓа и нивниот Дедо Мраз. Претходно ќе биде изведена претставата „Волкот низ прикзните“.
Аки Рахимовски и „Парни валјак“, неколку македонски пејачи, диџеј и косовската група „Офкестра“ ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ. Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија“ и ќе трае до еден часот по полноќ.
Град Скопје е организатор, а Македонски телеком главен покровител на пречекот на Новата 2019 година.
На плоштадот „Македонија“ се поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба „Винтерленд“, каде што се нудат рачно изработени сувенири, украси, книги, божикни подароци, како и гастрономски специјалитети и топли пијалаци. Во изминатите 14 дена секојдневно имаше различни активности за забава и рекреација на граѓаните.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе присуствува на новогодишната прослава на плоштадот.
Comments are closed for this post.