Вработен во АРМ од Гостивар во касарната „Еребино” во Тетово, вчера се здобил со тешки телесни повреди, поради што итно бил пренесен на скопските клиники.
Според полицискиот билтен, вработениот кој бил одговорен на одделот за уништување на муниција и експлозивни средства, заедно со уште двајца вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на муниција.
Лицето се здобило со тешка телесна повреда-фрактура и било пренесено во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар – Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.
Comments are closed for this post.