Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, што е претпоследниот
чекор до целосно членство.Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на Советот.„За„ гласаа 131 пратеници од 171 присутни, „против“ беа 29, а „воздржани“ 11 пратеници.
Меѓу пратениците кои гласаа „за„ се и Дарко Каевски од СДСМ и Арта БилалиЗендели од ДУИ.
Сега Парламентарното собрание на Советот треба да го испрати предлогот за прием на
Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе
конечната одлука со двотретинско мнозинство. Истиот треба да се одржи на 16 и 17. мај
во Стразбур.
Comments are closed for this post.