Премиерот Зоран Заев изјави дека за него е прифатливо во личните карти да стои графата за етничка припадност, покрај државјанството, но ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање ние, вели, немаме алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

-Право на национално и сега, на сите земји членки на ЕУ така и наше е да го утврдиме делот на етничка застапеност. Амбасадорот најави дека од август ќе влезе во сила европска регулатива по овие прашања, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нормално дека европските регулативи ќе ги почитуваме. Но, ниту знам детали од оваа европска регулатива на што се однесува, кои се конкретните детали или слично. Јас реков дека за мене е прифатливо да стои етничка припадност на граѓаните покрај државјанството, ние сме мултиетничка земја. Секако е прифатливо исто така и опционо дали некој сака или не сака да се додаде тоа, но ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање ние знаете – немаме алтернатива освен полноправно членство во ЕУ, вели Заев на новинарско прашање по сведочењето за предметот „Титаник“ коментирајќи ја неодамнешната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир.