Телото за помирување тактизира околу објавувањето на предлог законот за амнестија затоа што се појавиле сериозни правни пречки како тоа се реализира.
Како што дознава Пресинг Тв од собраниски извори, телото размислува за преформулирање на делото за кое се обвинети за случувањата од 27 април, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, во некое пониско дело.
Но, во тој случај не може да има преквалификување на делото само за дел од обвинетите, што се коси со убедувањата како на власта така и на членовите на собраниската комисија дека нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за настаните од 27 април во Собранието.
Досега ВМРО-ДПМНЕ понуди предлог закон кој предвидуваше целосна амнестија за обвинетите но тој не беше прифатен од владејачкото мнозинство.
Нејасно е и како ќе се изведе и предлогот сите лица опфатени со судскиот процес поединечно да поднесат барање за амнестија, а пак доколку некој сака да ја докаже својата невиност тоа ќе може да го докаже на судски пат.
Друг спорен момент, според адвокатите на дел од обвинитете за 27 април е кој и врз кои услови ќе утврдува околу физичкото насилство што го сториле. Тоа може да го утврди единствено судот но не во оваа фаза бидејќи важи презумцијата за невиност.
Comments are closed for this post.